Сорбет-фино (посно)
Состојки
- 200гр. парчиња праски
- 200гр. парчиња диња
- 2 банани на тркалца
- 2-3 лајци мед
- 50-тина гр. јаткасто овошје
- 5 лажици лимонизирана минерална вода
Подготовка
Налетав на сорбет-нислокалоричен сладолед, нема вештачки засладувачи бои, додатоци, потполно ме задоволи во вкусот кога го испробав и корисен во пости исто така, ама не дочекав да дојдат постите еве го праќам предвремено.
Сите овошја (можи да е било кое сакате по избор) се сечат на парчиња и се оставаат околу 2 саати во ладилник. Понатаму цела работа ја врши блендерот, се блендираат со малку рапава текстура (кај мене беше блендиран сосема), се служи во ладни чаши по потреба се засладува со мед, јаткасто овошје не е задолжително.
Ладен е и освежува многу повеќе од сладоледот. Со тек на време врз овој овошен десерт се правени измени во смисла на додавање на алкохолни ликери или пенливи вина и други додатоци, јас се држев до основата.