Испечати

Солено тесто со мак и сирење

Солено тесто со мак и сирење

Состојки

  • 3 цели јајца
  • 200мл. млак јогурт
  • 120гр. масло
  • 18 лајци брашно
  • 4 лајци мак немелен
  • 125гр. дробено бело сирење, половина лајче сол, малку шеќер
  • половина прaшок за пециво (5 гр)

Подготовка

Ова тесто е универзално, како за солен колач така и за мафини во било кој облик да се приготвува се исто.
Едноставно за подготовка, брзо и лесно погодно дури и за почетници во кујна.

Јајцата се бијат со малку шеќер, на врв на лајче. Се додава јогуртот, маслото и сите состојки освен сирењето. Се тура од смесата во предвидените садови за печење и најгоре се рони од дробеното сирење. Се печи на 180.
Ладно се сечи доколку е кекс,  додека пак ако се мафини секогаш се исполнува со смеса две третини.