Копани во сенф и павлака
Состојки
- 1,5кг пилешки копани
- 1кг млад компир
- 3-4 моркови
- 4-5 ловорови листови
- 2 лажици свеж рузмарин
- 1 кесичка сенф
- 400гр кисела павлака
- 250мл вода
- 2 лажици зачин
- 1 лажичка црн бибер
- 2 лажици свеж босилек
Подготовка
Копаните се мијат и се сечат на парчиња, а потоа убаво се премачкуваат со сенф.
Компирот се мие, чисти и се сече на четвртинки. Морковите се чистат и се сечат на коси парчиња по должина.
Во поголем сад се ставаат исечените компири и моркови и се мешаат со зачините. Во киселата павлака се става биберот, зачинот и сецканиот босилек и со таа смеса се преливаат компирите. Убаво се меша и најпрво се реди дел од компирите, па копаните и одозгора, пак компири со морков. Целата смеса се налева со водата и малку зејтин, се наросува со рузмарин, се додава и ловоровиот лист и се вклучува пекачот на грил околу 30 минути.
Од како е готово се служи со кисела павлака или сезонска салата.
Ова беше првиот рецепт со кој го пробавме Гурметот и прекрасен ручек имавме без воопшто да се приближам на шпоретот .
Компирот и копаните беа многу сочни и зачините комплетно се вклопија во единствен вкус.