Испечати

Видео рецепт: Овошни лижавчиња

Видео рецепт: Овошни лижавчиња

Овие едноставни овошни лижавчиња се многу лесни за подготовка и се вистинско освежување за топлите летни денови – направени од овошје и природен овошен сок, тие се здрава и евтина замена за сладолед кој може да го подготвите за вашето семејство и пријателите!

Состојки

  • 1 чаша сок од киви/ зелено јаболко
  • 1 чаша сок од јагоди
  • 1 чаша сок од портокал
  • 2 киви
  • Една рака јагоди
  • 6 стапчиња

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Калап за 6 мафини.

Подготовка

Чекор 1: Прво исечкајте го овошјето на помали парчиња. Ние употребуваме киви и јагоди, но вие можете да го замените овошјето во зависност од бојата и годишното време.

Чекор 2: Ставете од парчињата овошје во калапите и врз нив ставете го сокот. Калапите ставете ги во ладилникот неколку часа и потоа наместете ги и стапчињата. Ние користиме пластични стапчиња, но можат да се стават и дрвени.

Чекор 3: По 3-4 часа извадете ги од фрижидер. Лижавчињата многу лесно се вадат од силиконските калапи.

СОВЕТ: Истата техника можете да ја употребите и за подготовка на замрзнат јогурт или мини – сладоледи во калапите за мафини. Доколку имате време можете да додавате и замрзнувате повеќе слоеви различен сок и лижавчињата ќе бидат шарени.