Испечати

Салата 7-седум прста

Салата 7-седум прста

Состојки

  • 250 гр. ситно исецкан праз само белиот дел од коренот
  • 250 гр. на коцки исечени кисели јаболка
  • 250 гр. ананас од конзерва
  • 250 гр. свежи шампињони
  • 250 гр. рендан пашканат
  • 250 гр. зрна пченка од конзерва
  • 2 тврдо варени јајца
  • Сос
  • 200 мл. кисела павлака
  • 50 гр. мајонез
  • на вкус сок од лимон и сол

Подготовка

Освежителна салата. Името си го носи според бројот на состојките за основата - без сосот,  а е по рецепт од сестра ми.
Се спрема многу едноставно.
- Сите наведени состојки за основата се мешаат, се додава павлаката и мајонезот, пак се меша и се осолува и закиселува на вкус. Измешајте да се спојат сите вкусови и уживајте.
Совет
Свежите шампоњони можете да го замените со маринирани.