Неделен ручек
Состојки
- Свинско печење
- 1кг. свинксо месо
- за зачинување сол, бибер, мајчина душичка, рузмарин
- 2 главички кромид
- 5 чешниња лук
- 1 морков
- 100мл. црвено вино
- 300-400мл говедска супа (од коцка)
- Компири
- по потреба компири (во зависност за колку лица)
- 1 чаша домашна презла
- по вкус зачини сол, бибер, мешан зачин
- по потреба зејтин
Подготовка
Не дека мора да биде баш во Недела, но сепак да не комплицирам со премногу долг наслов =))) ... Епа да почнеме.
1. Направете мали засеци во месото на 1см. и убаво зачинете со сол, бибер и мајчина душичка. Втријте ги зачините и оставете го да стои (ако имате можност и преку ноќ).
2. Загрејте ја убаво тавата со сосем малку зејтин и ставете го месото да се запржи и да фати убава боја од сите страни (многу кратко, 2-3 мин се потребни). Во тавата во која ќе печете на дното наредете го кромидот исечкан на полумесечинки, исечканиот морков и чешнињата лук (притиснете ги прво да се отворат). Врз нив ставете го месото, полијте со виното и супата и ставете гранче рузмарин. Поклопете со капак и ставете во загреана рерна на 180С да се пече 2 часа.
3. Компирите исчистете ги и исечкајте ги на покрупни парчиња. Ставете ги во тенџере на оган да се проварат околу 15тина минути. Потоа претурете во цедалка и оставете ги малку да испари водата.
4. За презлата, од вечер оставете неколку парчиња леб надвор да се исуши. Потоа раздробете на поситни парчиња, ставете во сецкото и блендирајте додека добиете лебни трошки (не толку ситни како купените).
Зачинете ја презлата со зачини по вкус и спремна е за користење.
5. Компирите попрскајте ги со малку зејтин и потоа убаво наросете со презлата. Префрлете ги во плех за печење, наросете уште малку презла и ставете ги во загреана рерна да се печат. Потребно им е малку време, околу 20тина мин.
6. Имаме и сос =) ... Кога месото е готово, внимателно извадете го од тавата и оставете го на страна да се одмори. Содржината што е во тавата (зеленчукот и течноста) претурете ја во блендер и блендирајте додека не се добие убава кремста смеса. Ако ви се чини премногу густо може да прецедите преку ситна цетка и да додадете уште малку од супата.
7. На крај сервирајте по желба и уживајте во ручекот.
Добар апетит =)