Испечати

Кремаста торта-Паулина торта

Кремаста торта-Паулина торта

Состојки

  • 2 кора
  • 5 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 8 лажици мелени ореви
  • 3 лажици гриз
  • 4 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 1 лажица какао
  • 1 и 3 кора
  • 5 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 3 лажици гриз
  • 1 пециво
  • фил 1
  • 1л млеко
  • 200гр шеќер
  • 3 кесички пудинг од ванила
  • 200гр бела чоколада за готвење
  • 200гр маргарин
  • 200гр шеќер во прав
  • фил 2
  • 500мл вода
  • 300гр шеќер
  • 100гр какао
  • 1 кесичка пудинг од чоколада
  • 100гр чоколада за готвење
  • 200гр маргарин
  • 200гр шеќер во прав
  • 500мл слатка павлака за декорација

Подготовка

2 кора
Јајцата се матат со шеќерот а потоа се додаваат останатите состојки и убаво со лажица се меша па се пече кора во поголем плех бр40 или оној стандарден од шпорет.
2 кора
Се матат јајцата и се додаваат останатите состојки и се печат 2 кори во истиот плех.
фил 1
Во зовриено млеко се става прашакот за пудинг и се вари крем. Додека е врел пудингот се ставаат и двете чоколади и се меша додека се растопат.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се соединува со оладениот пудинг. Смесата убаво се мати со миксер околу 8-10 минути да се добие мазен фил.
фил 2
Водата, шеќерот и какаото се ставаат да се растопат. Одкако ќе зоврие смесата се сипе пудингот и чоколадата и се вари густ крем. На оладениот крем се додаваат маргаринот и шеќерот убаво изматени и се мати филот исто како првиот да стане мазен.

Најдоле се става една црна кора. Останатите две кори (жолта и црна) се ставаат една над друга и внимателно со нож се сечат на ленти по должина со ширина околу 2 см.
Значи прво најдоле оди жолта кора која се мачка со црниот фил. Над филот се редат жолти ленти со растојание меѓу нив 2 см.Во празниот простор се полни црн фил и така наизменично се редат корите и фил.жолти ленти-црн фил, црни ленти -жолт фил и одозгора целата торта се декорира по свој вкус.
Тортата е многу кремаста и лесна за јадење и посебно погодна за детски родендени затоа што нема јаткасто овошје и др ситници кои сите деца не ги сакаат.