Испечати

Мусака со тиквички

Мусака со тиквички

Состојки

  • 2 големи тиквички
  • 400гр. мелено месо
  • 2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • по вкус зачини, сол, бибер, мешан зачин, мајчина душичка
  • 2 јајца
  • 100мл. млеко

Подготовка

Летна мусака =)
Најчесто комбинирам тиквички со модар патлиџан, овој пат по желба на домашните само со тиквички.

1. Тиквичките убаво измијте ги, отстранете ги краевите, пресечете на половина, а потоа сечете ленти со дебелина 3-4мм. Може да ги потпечете со малку зејтин во рерна или на грил тава (по избор).
2. За филот, прво исецкајте го кромидот и изрендајте го лукчето, потоа ставете во добро загреана тава да се пропржат. Потоа постепено додавајте од месото и пржете додека не добие убава боја. Посолете по вкус и додадете зачини, препорачувам мајчина душичка. Промешајте да се соедини и тргнете од оган.
3. Во соодветна тава наредете поголем дел од тиквичките, распоредете го филот и покријте со преостанатите тиквички. Ставете во загреана рерна 15-20мин, малку да се запече.
Јајцата изматете ги со млекото, посолете ги и додадете малку мајчина душичка, прелијте ја мусаката и оставете уште 10тина минути во рерна. Извадете ја и оставете да се олади па послужете.
Добар апетит.