Огнени крекери
Состојки
- 125гр. бело брашно
- 125гр. рендана гауда(замена ементалер)
- 1 жолчка
- 80гр. маргарин
- 1 неполно лајче пипер за манџа, сол, црн пипер, малку чили
- 2 лајци сок од свеж лимон (замена лимонска киселина)
- премаз
- 1 матена белка
Подготовка
Се подготвува тесто од состојките, се меси до компактна смеса и се завива во фолија за свежо па се остава да отстои во фрижидер на 30 мин. На набрашнета работна површина се танчи кора некои 3мм. со мали калапчиња се вадат форми кои се редат во плех над хартија за печење. Секоја од нив се боди со виљушка и се премачкуваат со белка, па се печат во загреана рерна на 210, внимавајќи да не се препечат.
Чили ставив по сопствена желба, во оригиналниот рецепт нема, но кој како милува.