Испечати

Видео рецепт: Даска (Ордевер)

Видео рецепт: Даска (Ордевер)

Даската (Ордевер) е симбол за убаво поминато време со добрите пријатели – никој не ја подготвува Даската набрзина. За нејзина подготовка е потребно време и многу внимание. Еве неколку идеи за ова лето.

Состојки

На оваа Даска се вклучени 5 рецепти:

  • 1. За КОЛБАСИ ВО ЦРВЕНО ВИНО – 2 големи колбаси, 1 мало шише црвено вино
  • 2. За УРМИ ВО СЛАНИНА СО МЕД – 1 пакување свежи урми, 8 парчиња сланина, 2 супени лажици мед
  • 3. За МАКАЛО – 1 голем компир, 10 чешниња лук, 1 супена лажица лут црвен пипер, 3 супени лажици топла вода, 1 супена лажица маслиново масло
  • 4. За ПИТА ЛЕПЧИЊА - 3 шолји брашно, 1 супена лажица сол, 1 шолја вода
  • 5. За РАЖЕНЧИЊА ОД БИЕНО СИРЕЊЕ И МОДАР ПАТЛИЏАН – 300 грама биено сирење, ½ голем модар патлиџан

Ќе ви треба и:

  • Сол, бибер и маслиново масло

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Фестиво електрична тава, Сад за сос и Сет тави за пица

Подготовка

Чекор 1: Колбаси во црвено вино – ова е шпанско предјадење. Од колбасите се ослободуваат сите сокови додека ги варите или печете со црвено вино. Одберете посилно вино за да не се изгуби во зачините и вкусот на колбасите. За подготовка на овој рецепт ние користиме димени колбаси.

Чекор 2: Урми во сланина со мед – ова предјадење, исто така, потекнува од Севилја, јужниот дел од Шпанија. Исечкајте ја сланината на ленти и со нив обвиткувајте ги урмите и прикачете ги убаво со чепкалки за заби. Така подготвените урми наредете ги во послужавник и врз нив ставете мед. Печете ги околу 20 минути на 150 степени.

Чекор 3: Макало од варени компири и лук – излупете и исечкајте ги компирите и ставете ги да се варат. Доколку сакате, компирот можете да го варите и со лушпата. Ситно исечкајте го лукот. Кога компирите ќе се сварат, добро изгмечете ги и помешајте ги со лукот, црвениот пипер, маслиновото масло и топлата вода.

Чекор 4: Пита лепчиња – Овие едноставни лепчиња се инспирирани од кујната на Блискиот Исток каде што се подготвуваат на превртена загреана тава. Ние користиме Делимано Фестиво електрична тава. На работната маса истурете 3 шолји брашно, додадете сол и вода и замесете го тестото. Месиме додека да добиеме еднаква смеса. Нема потреба да го оставате да стаса, туку само малку да отстои. Исечете го на ленти и од нив направете топчиња. Печеме во претходно загреана Делимано Фестиво електрична тава – топчињата ги превртуваме кога ќе почнат да фаќаат кора од едната страна.

Чекор 5: Раженчиња од биено сирење и модар патлиџан – Исечкајте ги сирењето и модар патлиџан на помали парчиња и наредете ги на дрвени стапчиња – ги мачкаме со масло и потоа ги ставаме да се печат во Фестиво тавата. Повремено ги превртуваме и печеме додека да добијат златна боја.

Бидете креативни во редењето на Даската за послужување и во комбинацијата на боите на состојките. Ние додаваме зелени и црни маслинки како гарнир во случај да недостига храна!

СОВЕТ: Даска без состојки пржени во масло– здрава, забавна и разнобојна даска која е комбинација од рецепти од различни култури. Овој вид на јадење треба да биде славење на најдоброто од храната и културата – можност да пробате нешто ново со пријателите и семејството!