Тестенини со босилек на грчки
Состојки
- 300 гр тестенини машнички
- 1 зелна тиквичка
- 200 мл доматен сос
- 1 лажица пченкарен скроб
- 1/ 2лажичка мајоран
- 1/2 лажичка оригано
- 1/2 лажичка лук во гранули
- 100 г козјо сирење
- 100 г црни маслинки
- 1 голем домат
- 1/2 китка свеж босилек
- по желба сол
- 1 лажица масло
Подготовка
Ставете го сосот да се загрее, додадете 1 лажица пченкарен скроб и 100 мл вода во него ставете ги на тенко исечените тркалца тиквичка, ставете ги зачините, 1 лажица масло и посолете. Оставете сосот да се крчка околу 7 минути.
За тоа време сварете ги тестенините. Прецедете ги и измешајте ги во подготвениот сос. Сервирајте ги малку изладени со исечено на коцки сирење, исечени маслинки, на коцки исечен црвен домат и крупни листови свеж босилек.
Добар Апетит!