Испечати

Тортички со крем од афион

Тортички со крем од афион

Состојки

  • За тесто
  • 2 јајца
  • 1 чаша (од 250мл.) шеќер
  • 1/2 чаша зејтин
  • 1/2 чаша кисело млеко
  • 1 и 1/2 чаша брашно
  • 1 пециво
  • кора од портокал
  • За крем
  • 250гр. мелен афион
  • сок од 2 портокали
  • 150гр. путер (или маргарин)
  • 4 лажици шеќер во прав
  • 100мл. млеко
  • 1 шлаг пена

Подготовка

Малку да промениме од стандардните чоко-ванила кремови, се надевам ќе ви се допадне. Тестотото е истото како и за тортата со ванила крем и јагоди, овде има и плус кора од портокал. Може да си искористите тесто кое вас ви се допаѓа највеќе. Ова ми е некако универзално, па со некои мали измени го користам доста често.

1. Од наведените состојки изматете убава компактна смеса. Калапите за мафини намрсете ги и набрашнете ги и ставајте по 1 полна лажица од тестото. Ставете да се печат во загреана рерна на 220С, а потоа намалете на 180С. Кога ќе бидат готови извадете ги од калапот и оставете убаво да се изладат.
2. Пред да почнете со тестото, измелете го афионот, полијте со сокот од портокал и оставете да стои.
Шлаг пената изматете ја со 100мл. млеко и оставете на страна (ако сакате поблаго може и во неа да додадете шеќер).
Путерот пенесто изматете го со шеќерот во прав, потоа додадете го афионот и шлагот и матете уште малку за да се изедначи смесата. Кремот оставете го во фрижидер за малку да се стегне, па потоа филувајте ги изладените тортички.
Добар апетит.

*Од наведените состојки ми излегоа 24 тортички со средна висина.