Мaкедонска салата со печени тиквички
Состојки
- 2-3 домати
- 2-3 печени и излупени пиперки
- 1 тиквичка
- 1 главичка кромид
- 1 рака магдонос
- малку масло
- по вкус сол
Подготовка
Ова е рецепт за малку збогатена македонска салата. Додадените печени тиквички ја прават посочна и по мој вкус повкусна.
Подготовка
Тиквичката излупете ја, ако не е органски одгледана и исечете ја на кругови со дебелина 2-3 мм. Посолете и наредете ги крукчињата на плех обложен со хартија за печење. Одозгора капнете им по неколку капки масло за јадење. Ставете ги малку погоре од половина на рерната. Се печат на 220 степени, додека не омекнат, а по потреба може да уклучите и инфра црвени зраци за да го забрзате процесот.
Во меѓувреме исечкајте ги доматите и печените пиперки на помали парчиња. Крукчињата печени тиквички исечкајте на половина, а кромидот на тенки крукчиња.
Во садот за служење ставете ги прво доматите. Над нив сечканите пиперки, па тиквичките и на крај кромидот. Посолете по вкус и ставете малку масло за јадење ако има потреба (тиквичките ќе бидат малку масни, да не заборавиме). Одозгора наросете со исечканиот магдонос и уживајте во оваа освежителна салата.
Пријатен апетит!
Ако сакате да ја направите малку покалорична, додадете 2-3 лажички крем сирење (по можност со вкус на лук, одлично одговара) и се измешајте, па наросете го магдоносот одозгора. Ова во комбинација со некое убаво лепче е одличен летен оброк.