Испечати

Ролати од тиквички

Ролати од тиквички

Состојки

  • најмалку 500 гр тиквички
  • 300 гр сирење (150 гр сирење и 100 гр соја трошки со 1 мала главица кромид)
  • 3 лажици пченкарно брашно
  • 150 мл кисела павлака
  • 50 гр омекнат маргарин (или мешано пола-пола со масло)
  • сол, зачини, магдонос
  • Ова беше за фил, а за прелив треба-
  • 2 јајца
  • 2 лажици млеко
  • 2 лажици масло
  • 60 гр јогурт
  • 1 пакетче кори за пита

Подготовка

За еден ролат се редат 3-4 кори, во зависност од нивната дебелина. Помеѓу секоја кора премачкуваме со помош на четче од преливот. Преливот се приготвува така што со вилушка почнувајќи од јајцата, се убаво матиме.
Врз последната кора се става фил и се премачкува насекаде рамномерно, па се витка во ролат.

За филот, ги рендаме тиквичките и ги мешаме со киселата павлака, брашното, маргаринот, зачинуваме и посолуваме. На крај, можи да ги додадете 300 гр сирење или пак смесата да ја поделите на 2 дела и во едниот да ставите 150 гр сирење и сецкан магдонос, а во другиот предходно припремените соја трошки спрема упатството и кромидот. Секако, доколку не сакате соја трошки можи да ја замените со мелено месо.
Ролатите одозгора со четче премачкајте ги со смесата за прелив, наросете сусам и на крај попраскајте ги со останатиот прелив одозгора.
Печете на 200Ц додека убаво не поруменат.
Од оваа доза излегуваат 3 ролати.