Торта со кафе и кокос
Состојки
- Кафе кора
- 3 големи јајца
- 3 лажици шеќер
- 2 лажици масло
- 2 лажици млеко
- 3 лажици брашно
- 1 лажица кафе
- 1/2 пециво
- Кокос кора
- 4 белки+прстофат сол
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици кокос
- Какао кора
- 3 големи јајца
- 3 лажици шеќер
- 2 лажици масло
- 2 лажици млеко
- 3 лажици брашно
- 1 лажица какао
- 1/2 пециво
- Крем
- 1 литар млеко
- 10 лажици шеќер
- 8 лажици густин или брашно
- 4 жолчки
- 100 гр. темна чоколада
- 150 гр. маргарин (на собна температура)
Подготовка
Најпрво се подготвува кремот. Одделете ги белките од жолчките од кокос кората.
Одделете 200 мл. од млекото, другото ставете го да се загрее. Во одделеното млеко растворете ги шеќерот и густинот, мешајте да нема грутчиња.
Кога млекото ќе почне да зоврива сипете ја разматената смеса, посотјано мешајте додека се згусти. Во меѓувреме изматете ги жолчките (со жица за матење) со ванилиниот шеќер, додадете ги при крајот на подготовката на кремот, варете уште 1-2 мин.
Тргнете го кремот од оган, додадете го маргаринот исечен на коцки и измешајте да се стопи. Кремот поделете го на два еднакви дела. Во едниот додадете ја чоколадата искршена на коцки, измешајте да се растопи. Оставете ги кремовите да се изладат. Пред филување измиксирајте ги.
Загрејте ја рерната на 200 степени.На калап со дијаметар 28 см. ставете хартија за печење и намачкајте со маргарин.
Белките изматете ги со прстофат сол во мек снег, додавајте лажица по лажица од шеќерот, матете додека шеќерот се растопи и стане цврст снег од белки. Додадете го кокос промешајте и ставете ја смесата во калапот, израмнете и ставете да се печи. Печете додека кората добие бледо кафена боја, кората ќе биде мека.Оставете ја да се олади.
Додека се пече кокос кората направете ја кафе кората или какао кората.
Јајцата ставете ги во подлабок сад и изматете ги со шеќерот додека се дуплира волуменот на јајцата, додадете ги млекото, маслото, брашното, кафето или какаото, пецивото и измеашјте со лажица да се соедини. Ставете ја смесата во калап 28 см. обложен со хартија.
На ист начин подгответе ја и другата кора.
Печете додека добијат златна кафена боја или проверете со чачкалица.
Оставете ги да се оладат и филувајте.
Редослед на редење.
Кафе кора, чоколаден крем, кокос кора, ванила крем, какао кора.
Украсете со шлаг или со преостанатиот крем. Оставете ја тортата во фрижидер уште 30-60 мин.