Испечати

Видео рецепт: Ледена торта

Видео рецепт: Ледена торта

Денес ќе готвиме заедно со Љубица, готвач член на нашата веб-страница. Љубица ќе подготви еден од нејзините рецепти, Ледена торта.

Една од тортите на нашето детство, со бисквити, суво грозје и желе бонбони. Оваа Ледена торта ќе ви биде вкусен десерт и временска машина, истовремено!

Состојки

  • 500 грама бисквити
  • 125 грама маргарин
  • 125 грама шеќер во прав + 8 лажици за шлаг од белки
  • 2 јајца
  • 250 мл. млеко
  • 1 лажица рум
  • 50 грама ореви
  • 50 грама суво грозје
  • 60 грама желе бонбони
  • 50 грама црно чоколадо
  • Ќе ви требаат и желе бонбони за декорација

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Фантазија округла тава и Садови за матење.

Подготовка

Чекор 1: Најпрво искршете ги бисквитите во подлабок сад и полијте ги со млекото.

Измешајте убаво и оставете ги на страна да отстојат,за да не останат бисквитите суви. Исечкајте ги оревите, желе бонбоните, чоколадото и оставете ги на страна за подоцна.

Чекор 2: Во друг сад изматете го маргаринот со шеќерот во прав. Одделете ги белките и жолчките од јајцата, па во оваа смеса додадете ги само жолчките. Белките ќе ни требаат подоцна за шлаг.

Откако добро ќе се спојат состојките и смесата ќе стане хомогена, додајте ги исечканите ореви, желе бонбони, црното чоколадо и сувото грозје, кое нема потреба да се сечка,туку ги додаваме зрната цели.

Чекор 3: Потоа промешуваме убаво и оваа смеса ја додаваме кај бисквитите кои малку омекнале од млекото.

Сега е време да се вежбаат мускулите, измешајте ги убаво сите состојки, за да добиете кремаста смеса.

Чекор 4: Истурете ја смесата во округлата силиконска тава и убаво натапкајте ја, за тортата да има правилен облик. Оставете ја во фрижидер неколку часа да се стврдне и да се излади. Најдобро е да отстои преку ноќ,бидејќи поради присуството на маргарин тортата брзо се стега,но не може да се олади толку брзо.

Чекор 5: Откако тортата добро се изладила, подгответе се за декорирање. Изматете шлаг од двете белки и 8 лажици шеќер во прав. Исечкајте ги преостанатите желе бонбони во облици по желба и украсете ја тортата. Повторно вратете ја во фрижидер, и откако ќе бидете сигурни дека навистина станала ледено ладна, може да ја послужите.

Чекор 6: Сервирајте едно парче во чинија, и не грижете се ако се вратите за второ , секако планиравте да почнете со вежбање од понеделник.

СОВЕТ: Подгответе ја оваа торта за пријателите и евоцирајте спомени од детството, со по една шолја црно кафе. Ова е многу лесен рецепт, па можете да го подготвите заедно со вашите деца, или внуци. Љубица го подготвува од кога имала само 8 години!