Испечати

Лиснати гнезда

Лиснати гнезда

Состојки

  • 275 гр. лиснато тесто
  • 250 гр. спанаќ, смрзнат
  • 100 гр. сирење
  • 1 мала главица кромид
  • сол, бибер, морско оревче
  • 10 јајца

Подготовка

Во едно тавче испржете го ситно исецканиот кромид. Додадете го одмрзнатиот спанаќ и пржете додека испари течноста. Посолете, побиберете и додадете малку морско оревче. Откако ќе се олади спанаќот, ставете го и издробеното сирење. Доколку сирењето е посолено тогаш спанаќот и не мора да го солите.
Од лиснатото тесто исечете квадрати со големина во зависност колку се големи модлите кои ги имате за мафини. Мене ми излегоа 10 гнезда од оваа количина лиснато тесто. Тестото внимателно ставете го во подмачкани модли, не мора до дното да допира. Ставете по 1 лажица од смесата со спанаќот и одозгора скршете по едно јајце. Печете на 200 степени, 20 минути или во зависност од рерната. Готови се кога тестото ќе порумени.
Послужете со јогурт или кисело млеко.