Пита од готови кори со тиквички
Состојки
- 500 гр. кори за пита
- Фил
- 2 големи тиквички
- 1 јајце
- 250 гр. сирење
- 5 лажици кисела павлака или кисело млеко
- сол,мешан зачин,бибер по вкус
- Премаз
- 150 мл. масло
- 200 мл. обична вода
- 1 јајце
- 3 лажици брашно
- 10 гр. пециво
- малку сол
Подготовка
Одличен начин да се искористат тиквичките додека им е сезоната. Филот може да си го прилагодувате по желба, да има повеќе или помалку во разлика од тоа колку сакате да има фил.
Го искористив премазот од Брзата пита со премаз на Даниела, а вие може кој ви одговара за премачкување на вакви солени пити.
Најпрво излупете ги тиквичките, изрендајте ги, зачинете ги и оставете ги 20-30 мин. да пуштат вода,исцедете ја сета вода од нив. Додадете ја киселата павлака и сирењето, измешајте да се соедини.
За премазот, измешајте ги сите состојки во еден сад.
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Намрсете една правоаголна тава 35Х20 см.,или округла тава кја ви одоговара на корите.Редете една над една кори и премачкувајте ги со премазот,филувајте и премачкувајте,одозгора ако сакате посипете сусам,исечете ја питата по желба и ставете ја во загреаната рерна да се пече додека добие златно-кафеава боја ,околу 40-45 мин.Одозгора попрскајте со вода и покријте со најлонска кеса и чиста крпа да се задуши и омекне,уште еднаш преселете и послужете.
Не можам да ви кажам како да ги редите корите бидејќи во секое паковање има различно, избројте ги и прерачунајте на колку редови сакате да има фил,итн. Може да правите и ролнички.