Испечати

Пакетчиња од панга

Пакетчиња од панга

Состојки

  • 4 панга филети
  • 400 гр. компири
  • 2 тиквички со средна големина
  • 12 шери домати
  • 1 лажиче рузмарин
  • 1 лажиче мајчина душица
  • 8 лажици маслиново масло
  • сол, бибер
  • масло за пржење
  • 1/2 лимон

Подготовка

Филетите од панга се карактеризираат по нивната сочност и мекост. Ова е рецепт за еден посебно лесен и нискокалоричен оброк од панга.
Компирите и тиквичките излупете ги и исечкајте ги на коцки со големина од 1см. Во една тефлонска или керамичка тава ставете малку зејтин и пржете ги компирите околу 3 минути. Додадете ги тиквичките и продолжете со пржењето уште 3 минути. Додадете ги рузмаринот и мајчината душица, посолете и побиберете.
Филетот од панга посолете го од двете страни и попрскајте го малку со лимон. На хартија за печење ставете го филетот, одозгора ставете од пржените компири и тиквички, 3 шери домати и 2 лажици маслиново масло. Завиткајте го како пакетче и краевите подврзете ги со кујнски конец. Повторете го истото и со останатите филети. Ставете ги пакетчињата во плех од рерна и печете на 200°Ц во претходно загреана рерна 30 минути. Послужете топло.
Со ова јадење може да послужите и некој соодвете сос за риба.
Добар апетит!