Испечати

Пилешко со кари сос

Пилешко со кари сос

Состојки

  • 500 гр. пилешки стек
  • 1 лажица брашно
  • 2 лажички кари
  • 2 лажици соја сос
  • 400 мл. млеко
  • 1 мала главица кромид
  • 170 гр. печурки
  • мешан зачин, бибер, сол
  • масло за пржење

Подготовка

Пилешкиот стек посолете го и пржете го од двете страни додека да зарумени. Кромидот ситно исецкајте го и испржете го заедно со печурките.
За сосот, во едно мало тенџере ставете малку масло и 1 полна лажица брашно. Пржете го брашното и пред да поцрвени тргнете го тенџерето на страна. Додадете го кари зачинот и соја сосот. Промешајте убаво и додадете го млекото. Вратете го тенџерето на оган и мешајте со жица за матење додека да се згусне. Ако е многу густо, додадете уште малку млеко. Ставете ги претходно испржените печурки, мешаниот зачин, побиберете и по вкус посолете.
Пилешкиот стек исечете го косо на парчиња со дебелина од 2см. и прелијте со сосот. Послужете со варен басмати ориз.
За оние кои сакаат поегзотичен вкус, може дел од млекото да се замени со сок од порокал.
Добар апетит!