Погача Сонце
Состојки
- 700 гр брашно
- 250 мл млеко или јогурт
- 125 мл зејтин
- 2 јајца
- 1 лажичка шеќер
- 2 лажички сол
- 1 коцка квасец
- 100 гр растопен маргарин
- 1 жолчка
- 1 лажичка млеко
Подготовка
Најпрво го ставаме квасецот да стаса (коцката квасец и шеќерот ги ставаме во млако млеко).
Од брашното, млекото, јајцата, солта и секако квасецот замесуваме тесто. Тестото треба да биде меко.
Тестото го оставаме да стаса 30 мин. на топло место.
Откако тестото е стасано го премесуваме и го делиме на пола, а од едната половина отсекуваме еден крај.
Најголемата половинка од тестото ја делиме на 5 еднакви дела, секој дел посебно треба да се оформи круг со помош на оклагија.
Секој круг го премачкуваме со растопениот маргарин, освен последниот, петтиот, кој го правиме малку поголем од претходните за да ги подвиткаме круговите одоздола.
Вака добиената погача ја преместуваме во тавче за печење,претходно намачкано со маргарин и побрашнето.
Со остар нож го засекуваме тестото на 8 делови, оставајќи по 1 см од крајот на погачата.
Секое парче го креваме нагоре,така што средичниот дел од тепсијата ке ни остане празен.
Ја земаме втората помала половина од тестото и ја повторуваме постапката како со првиот дел.
Внимателно го земаме тестото и го ставаме во тепсијата исто засекува осум делови,значи се е исто,само мора да се внимава при сечењето за да не се преклопат.
Од најмалиот, третиот дел од тестото, формираме топче и го ставаме на редина на тепсијата.
Жолчката ја матиме со млекото и ја премачкуваме целата погача,за декорација јас користев сусам и мак,секој по своја желба.
Погачата се пече на 200 степени, а временскиот интервал секако зависи од релната.
Добар апетит