Испечати

Триколоре торта (посно)

Триколоре торта (посно)

Состојки

  • бисквит тесто
  • 150гр. вода
  • 150гр. шеќер
  • 150гр. мелени ореви
  • 100гр. брашно
  • 1 лајца масло,половина кесичка печиво
  • фил..1
  • 200гр. соино млеко
  • 150гр. шеќер
  • 100гр. посно црно чоколадо
  • 200гр. мелени ореви
  • фил..2
  • 500гр. соино млеко
  • 150гр. шеќер
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 2 кесички ванила шеќер
  • 125гр. маргарин коцка
  • 100гр. мелени лешници
  • 100гр. мелени посни бисквити

Подготовка

Како достојно да ја претставам оваа торта освен да напишам дека можи рамно да стои во редот со мрсните верзии.
Ова е мојот врв на сите посни рецепти.

За подготовката на кексот најпрво треба да се зовријат водата и шеќерот во врелата течност веднаш се попаруваат оревите и се меша ,оставаме настрана сосема да се изладат, потоа се додава брашното и печивото, се меша и се сипа во тавче бр.28 правоаголно, се печи на 180.

Се лади, а во меѓувреме се подготвува првиот фил.1
За овај фил млекото и шеќерот се ставаат на оган кога сосема ќе се истопи шеќерот се додаваат мелените ореви и чоколадото, се меша постојано (на тивок оган) изедначената смеса одма се истура над ладен кекс и се рамни.

Се остава да се лади а во меѓувреме го приготвуваме филот 2
Од млекото, шеќерот, ванилата и пудинзите се вари крем, како најобичен пудинг што прготвуваме, се меша постојано да не ни се создаваат грутки, се лади. На сосема оладен пудинг му додаваме маргарин кој го биеме во одделен сад настрана и тоа додавајќи во пудингот лајца по лајца, се изедначува.

Вака подготвен се дели на 2 дела во 2 одделни сада.
Во првиот дел од филот додаваме лешници и мешаме во вториот дел додаваме мелени бисквити и мешаме. Се филова прво филот со лешници (над онај прв фил со попарен орев кој се мачкаше врел) над него филот со бисквити, најгоре како ви е по желба.
Мој избор се мелени лешници ...уживајте ја за крај