Испечати

Подварок од млада зелка

Подварок од млада зелка

Состојки

  • 1 средна зелка
  • 400гр. суво месо
  • 1 домат
  • по вкус зачини сол, бибер, мешан зачин, ловоров лист,црвен пипер

Подготовка

Уште едно летно јадење, малку поинакво од класичното.
1. Зелката исецкајте ја на ситни парчиња и со малку сол и зејтин ставете да се пржи/динста во тенџере на оган. Треба убаво да омекне и да се намали волуменот за половина.
2. За тоа време месото исечето го на коцки и ставете да се пржи во тава на оган. Треба малку да фати боја и да стане крцкаво со што ке и даде поубав вкус на зелката.
3. Кога зелката е веќе омекната, ставете го месото и ренданиот домат, зачинете по вкус и убаво промешајте. Внимавајте на соленоста, месото секако е веќе солено па дополнително ќе пушти сол. Потоа префрлете во тава и ставете во рерна да се пече. Ако има потреба додадете и малку вода. Оставете да се излади па послужете.
Добар апетит.

*Се извинувам што сликата е малку плава, набрзинка од прв обид сликано, домашните чекаа ручек =)))