Испечати

Салата од тиквички

Салата од тиквички

Состојки

  • 2-3 тиквички
  • 2 чешниња лук
  • по потреба зејтин
  • по вкус сол, свеж магдонос и јаболков оцет

Подготовка

Вкусна и освежителна салата од тиквички, одлична за овој период, Брзо се спрема и уште побрзо ја снемува.
1. Тиквичките измијте ги, отстранете ги краевите и исечете ги на помали кругови (2-3мм). Плехот за печење намрсете го, наредете ги тиквичките и попрскајте со сосем малку зејтин од горе. Ставете да се печат во загреана рерна. Потоа оставете да се изладат целосно.
2. Во сад на страна ситно исецкајте го лукчето и магдоносот. Кога тиквичките се изладени може да поченете со редење. Во сад погоден за во фрижидер редете ред тиквички, потоа малку насолете, ставете од лукчето и магдоносот и малку оцет. Редете додека не ги потрошите сите тиквички, потоа затворете го садот и ставете во фрижидер. За поубав вкус оставете ги преку вечер, но може да ги спремите и порано во текот на денот и за ручек да имате вкусна салата.
Добар апетит.

*Количините се произволни, а истата салата може да се подготви и со модар патлиџан