Сникерс со таан алва и урми (посно)
Состојки
- 500гр бела таан алва
- 500гр печени несолени кикирики
- 450гр урми
- 250гр маргарин
Подготовка
Само 4 состојки, а толку добро. Ненормално добро!
И мене не ми се верува, ама ко за атеист, многу посни рецепти заљубив =))
Кикириките се потпекуваат и мелат, но да останат и покрупни парченца. Може и само да се издробат.
Урмите се сецкаат ситно.
Маргаринот на собна, се додава алвата и се се меша додека не се изедначи убаво.
Може да се натапка во правоаголен сад, да се прелее со чоколадо и да се сечат штангли, ама мене полесно ми беше бомбици да направам и најискрено на овој вкус не би му додавала ама баш ништо.
Инаку, мерките може малку да ги размрдате и нема да има разлика воопшто. На пример јас последиот пат ставив 800гр алва (толкаво е пакувањето), 800гр урми и 800гр кикирики (по толку имав). Маргаринот си остана по мерка.
Кај нас ова кога се прави само за нас, не се ни мачиме да му правиме форми. Се јаде директ од централа со голема лажица =))
А да не очекувавте комплициран рецепт, м?
Нема такви рецепти да дочекате од мрцина како мене. Тука само лесно и вкусно се готви.