Печен млад компир
Состојки
- 1 кг млади компири
- 50 гр сусам
- по желба кари или куркума
- по желба чили
- ладно цедено сончогледово или сусамово масло
- малку копар
- зачин по желба
- сол по вкус
Подготовка
Убаво измијте ги младите компири не лупете ги, пресечете ги на половина и наредете ги во плех. Залијте ги со малку вода. Врз нив полијте малку од маслото, наросете ги со чили, куркума, копар, сол, зачин и на крај сусам. Ставете ги да се печат во загрена рерна околу еден час. Послужете ги со некаков сос, сирење или како прилог. Добар апетит!