Испечати

Фил за торти,ролати,колачи,намаз,...

Фил за торти,ролати,колачи,намаз,...

Состојки

  • 3 јајца
  • 200 гр. шеќер
  • 100 гр. + по желба чоколада за готвење
  • 250 гр. путер или маргарин
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • прстофат сол

Подготовка

Жолчките одделете ги од белките. Жолчките изматете ги пенасто со шеќерот, ставете ги во сад на пареа, варете ги додека се загустат и прават  ``пат``.
Оставете ги во фрижидер да се олади кремот и стегне. Откако кремот се стегнал и оладил, во сад изматете го пенасто путерот или маргаринот, препорачувам путер, бидејќи маргаринот нема баш пријатен вкус.
Додајте го кремот и миксајте да се соедини, додајте ја претходно растопената чоколада на пареа,мешајте да се соедини.
Во меѓувреме пред да почните со матењето на путерот или маргаринот изматете ги белките со прстофат сол во поголем, повисок и чист сад додека добиете цврст снег од белки.
Снегот од белките додадете го во кремот од путер, измиксајте и додајте го ванилиниот екстракт или може рум.
Кремот ставете го во пластично кутивче од 800-1000 гр. Ставете го во фрижидер да се стегне.

- Може да го користите како фил за ролати, торти или пак како намаз.
- Може да се направи само од преостанати жолчки, може со повеќе од 3, но до 10 жолчки.
- Шеќерот може да си го прилагодите по вкус.
- На фотографијата е малку по кремаст бидејќи е стоен околу 30 мин. на собна температура,
- Кај нас повеќе се користеше како намаз, по желба може да додадете кокос, ореви, лешници или др. 
-Во фрижидер рокот му е од прилика 4-6 дена.