Испечати

Пита со тиквички и мелено месо

Пита со тиквички и мелено месо

Состојки

  • 2 тиквички
  • 400гр. мелено месо
  • 3 јајца
  • 1,5 чаша(220мл) густ јогурт
  • 1 чаша мајонез
  • 5 гранчиња магдонос
  • 1 лажичка сода
  • 3-4 малди кромидчиња
  • 9 лажици брашно
  • 1 лажица сенф
  • 3 чешниња лук
  • по потреба масло, сол, црн бибер, мешан сув зачин

Подготовка

Во тава со загреано масло ставете ги ренданите тиквички и сецканото лукче да се пржат.
Посолете ги и пржете додека тиквичките омекнат.
Во друга тава со масло ставете го сецканиот млад кромид да се пропржи, а потоа додајте го меленото месо.
Откако месото ке ја промени бојата додајте го сенфот.
Зачинете го месото со мешан сув зачин и црн бибер и додајте го сецканиот магдонос.
Промешајте и пржете уште малку додека месото ги прима зачините.
Кон испрженото месо додајте ги запржените тиквички и убаво измешајте ја смесата.
Во сад за матење со миксер изматете ги јајцата.
Додајте ги јогуртот и мајонезот, посолете и измешајте.
Брашното измешајте го со содата и со постојано мешање со жица додајте го во изматената смеса.

Тавата за печење премачкајте ја со масло и истурете половина од смесата со јајца.
Одозгора нанесете ја смесата од мелено месо и тиквица и на крај ставете ја преостанатата половина од смесата со јајца.
Печете на 200 степени, 30 минути.

Послужете со јогурт или свежа салата.