Испечати

Видео рецепт: Кус-Кус салата од печен зеленчук и биено сирење

Видео рецепт: Кус-Кус салата од печен зеленчук и биено сирење

Кус-Кусот треба да биде основен производ на вашата листа за пазарење – здрав и едноставен за подготовка – многу брзо можете да подготвите салата за на работа или пак семеен оброк за 10 минути.

Состојки

  • ½ тиквичка
  • 1 модар патлиџан
  • 1 гранка шери домати
  • Една рака чешниња лук
  • 1 бел кромид
  • 300 грама биено сирење
  • 500 грама Кус-Кус
  • Сол, бибер, маслиново масло и вода

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Ростер и Сет 2 сада за матење

Подготовка

Чекор 1: Време е за сечкање: Исечкајте ги зеленчукот и сирењето на големи парчиња. Ставете ги во Ростер тавата со маслиново масло и зачини и печете ги 25 минути на 160°С или пак додека сирењето да добие златна боја.

Чекор 2: Ставете го Кус-Кусот во длабок сад, зачинете го, додадете маслиново масло и полијте со зовриена вода. Смесата покријте ја со крпа и оставете ја така 5 минути.

Со вилушка раздробете го Кус-Кусот на зрна.

Чекор 3: Измешајте го Кус-Кусот со печениот зеленчук и сирењето. Најгоре додадете ги печените главици лук и шери доматите.

СОВЕТ: Тврдото сирење е одлично за печење бидејќи така се засилува неговиот вкус и ја прави салатата посолена. На крај кога ќе мешате не заборавајте да ги прелиете и соковите кои ги испуштиле зеленчукот и сирењето на дното од тавата.