Испечати

Видео рецепт: Желе од јагоди во чаша

Видео рецепт: Желе од јагоди во чаша

Едноставно желе од јагоди направено од свежо овошје кое претставува идеален десерт за вашите гости – направете го предвреме и изненадете ги гостите по вечерата. Секогаш има доволно место за желе.

Состојки

  • 500 мл. сок од црвено овошје
  • Една рака свежи јагоди
  • 20 грама желатин во прав
  • Малку шеќер (по желба)

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Лонец и Правоаголна тава.

Подготовка

Чекор 1: Подготовката на ова желе е навистина едноставна – загрејте го овошниот сок и додавајте го желатинот полека. Мешајте додека убаво да се растопи. Додадете малку шеќер доколку сокот има горчлив вкус.

Чекор 2: Измијте ги и исечкајте ги јагодите на тенки парчиња. Неколку јагоди исечете ги на 4 дела.

Чекор 3: На дното од чашите ставете ги парчињата јагоди и врз нив истурете од оладеното желе колку да ги покриете. Чашите ставете ги во фрижидер најмалку 6 часа, меѓутоа, доколку имате време, најдобро би било да останат цела ноќ.

Чекор 4: Во правоаголна тава ставете 16 парчиња јагоди на еднакво растојание и полека прелијте ги со мешавината од желе. Внимавајте, желето треба само да ги покрие јагодите. Тавата ставете ја во фрижидер исто така, најмалку 6 часа.

Чекор 5: Време е за сервирање – извадете ги чашите од фрижидер и ставете ги на бела чинија. Со нож внимателно исечете го желето кое е во тавата на коцки и истите ставете ги на чинијата како декорација околу чашите.

СОВЕТ: Слободно обидете се и со друг вид на овошје и други бои на сок! На јагодите, исто така, можете да додадете и малку свежо нане или пак да украсите со шлаг и бисквити!