Пилешко на грчки начин
Состојки
- 6-8 пилешки батаци со карабатаци (зависно од големината)
- по вкус сол
- За маринада
- 1 чешне лук
- 3 лажици маслиново масло
- 3 лажички готов микс зачини (оригано, мајоран, кромид, пиперка, чили)
- сок од половина портокал
Подготовка
Си набавив зачини и решив да испробам неколку рецепти. Иако дома не се нешто расположени за експериментирање сепак беа задоволни од ручекот.
1. Прво извадете ги коските од пилешкото, убаво без да ги сечете на парчиња. Потоа посолете ги малку и оставете да ја впијат солта.
2. Во помал сад на страна изгмечето го лукчето и измешајте ги сите состојки заедно.
Ставете го пилешкото во подлабок сад, прелијте ја маринадата и убаво промешајте со рака за подеднакво да ги фати сите парчиња. Садот затворете го и оставете да отстои подолго време. Јас ги подготвив од вечер за наредниот ден, но може и пократко ако немате време.
3. Подготовката е по избор, може да ги ставите во пекач и да ги испечете или на скара. Јас ќе си го пофалам татко ми зашто ни ги спреми на скара, па така имаме заеднички рецепт.
Послужете со прилог по избор и уживајте.
Добар апетит.