Испечати

Чоколадна роденденска торта

Чоколадна роденденска торта

Состојки

  • Пандишпан
  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • Фил
  • 100 гр какао
  • 100 гр шеќер
  • 100 гр чоколадо
  • 100 гр вода
  • 2 чоколадни шлага
  • 250гр маргарин
  • 200 гр шеќер во прав

Подготовка

Се матат јајцата и шекерот пенасто, се додава брашното и се пече во тава бр 28 на три пати т.е да има три дела. Може и во тава од шпорет и да се исече на три ленти.
За филот се става водата, какаото, шеќерот и чоколадото во сад на пареа и се меша се дури не стане хомогено. Доколку е многу густо се додава малку вода (треба да е густо како еурокрем или пудинг). Се остава да се олади.

На страна се матат 2та шлага со млеко или вода, јас со вода ги матев и во друг сад маргаринот со шеќерот во прав дури не стане пенест. Од како ќе се олади се мешаат филот со маргаринот и шлагот. Испечените кори се филуваат. Од горе може да се стави рендано чоколадо.
Иако изгледа дека е многу какао, филот не горчи, се изедначува со шеќерот во прав =))