Сос со тиквички и грав
Состојки
- 2 мали тиквички
- 200 гр варен грав
- 1 поголема главица кромид
- 4 поголеми домати
- 2 лаж кечап може и доматно пире
- 3 чешчиња лук
- по вкус сол и бибер
- 1 лаж шекер
- малку чили по вкус
- малку магданос
Подготовка
Во тава со масло ставете го кромидот, ренданите домати и исецкани на коцки тиквичките додадете сол, бибер, шеќер, чили и кечапот динстајте на умерена температура околу 20- 25 минути да се омекнат тиквичките и да се згусти сосот. Кога е готово додадете го сваренот грав, магданос, сецканиот лук промешајте тргнете од топлина.