Едноставна салата од тиквица
Состојки
- 1 тиквица
- 250 мл павлака
- 2 лажици мајонез
- 1 рака сецкан магдонос
- 1 лажиче сол
Подготовка
Оваа салата е многу освежителна и лесна за правење. Рецептот од многу одамна ми го има дадено вујна Ружа.
1. Тиквицата ја лупиме и сецкаме на коцки. Ви сад на оган ставаме вода и солта, ја додаваме и сецканата тиквица. Вариме внимавајќи да не ја превариме.
2. Тиквицата ја цедиме.
3. Во еден сад ја ставаме тиквицата, магдоносот, павлакат и мајонезот. Мешаме. По вкус додаваме сол.