Испечати

Динстано месо со ким А-ла Гурмет

Динстано месо со ким А-ла Гурмет

Состојки

  • 6 свински шницли
  • 150 мл бело вино (може и пиво)
  • 150 мл вода
  • 1 лајче ким
  • пола лајче црн бибер
  • пола лајче сол
  • 100 мл масло
  • гарнир компири, брокула, пченка

Подготовка

Ова е наш неделен ручек. Вистина долго време се подготвува, но не мора домакинката да стои постојано до шпоретот. Овој ручек сам се подготвува 90 минути, а резултатот е сочно и вкусно месо. Инаку може да се прави со телешко, свинско и пилешко месо. Јас овој пат го направив со свински шницли, гарнирани со пире бидејќи така го обожаваат моите деца.

Најпрво во загреано масло се пржат свинските шницли од двете страни додека се зацрвенат. Потоа се додава сол, ким, црн бибер, бело вино и вода. Се покрива со капак длабокиот сад и на тивко се ДИНСТУВА 90 минути. Одвреме навреме се превртуваат шницлите и на крајот се зголемува температурата на ринглата за да испари течноста целосно и шницлите да се зацрвенат. Кимот и белото вино (јас го направив со бело вино) му дава необичен вкус на месото. На крајот се прави пире или било каков додаток.
Пријатно јадење!