Шефердова пита
Состојки
- Долен слој
- 600-800 гр. мелено месо (какво било)
- 100 мл. доматен сос или 1 поголем домат
- 100 мл. вода
- 2 лажици брашно
- Ворчестер сос по вкус (или по желба)
- 150 гр. обарен грашок-по желба
- 100гр. варена пченка-по желба
- сол,бибер,мешан зачин по вкус
- масло по потреба + 1 пиперка, 1 чешне лук, 1 кромид, магдонос, морков
- Горен слој
- 100мл млеко
- 7-8 компири
- 2-3 коцки путер
- по вкус сол, бибер, мешан зачин
- По желба
- по вкус рендан кашкавал или црвен пипер
Подготовка
Компирите излупете ги и исечкајте ги на помали или поголеми коцки како било. Ставете ги во тенџере со ладна вода, варете додека се сварат. Уште топли исцдете ги од преостаната вода, испасирајте ги низ алатка за пире, посолете го по вкус, додајте го путерот и млекото, измешајте со миксер .
Вториот слој направете го кога компирите се напола варени. Во тава со загреано масло испржете го претходно ситно исчканиот кромид и лук, пржете ги додека малку омекнат, додајте ја ситно сечканата пиперка, продолжете со пржење додека омекнат, додајте го меленото месо, посолете и зачинете, пржете додека месото добие боја однадвор, додјте го доматниот сос или доматот исечен на ситни коцки, Ворчестер сос ако имате, магданосот, морковот ситно сечкан или крупно рендан, водата и брашното. Iзмешајте и оставете нека крчка додека водата испари. При крајот додадете го грашокот и пченката ако ги користите (јас не ги користев-моите и не сакаат баш...)
Тргнете го од оган.
Е сега за редење има повеќе начини.
Најдобро е ако ги редите во поединечни керамички садови или садови за суфле или во обична тава, керамичка или стаклена.
Намрсете ја тавата, ставете го долниот слој, израмнете и одозгора додадете го пирето, може одозгора да посипите мелен црвен пипер или рендан кашкавал.
Може да правите и во сад кој може во него да се пржи и пече-на пример Делимано гурмет 8 во 1 Пекачот.
Печете на 250-350 степени околу 30-35 мин. додека горната површина порумени.
Оставете малку да се подолади и служете.
Шефердовата пита е сложенец од мелено месо и пире, потекнува од Англија.