Брзи битолски питуличиња
Состојки
- 1 кисело млеко
- 2 јајца
- 2 шолји брашно
- 1 прaшок за пециво
Подготовка
Со жица за матење најпрво се мешаат јајцата со киселото млеко, па потоа се додаваат брашното и пецивото. Треба да се добие меко тесто кое бавно или тешко ќе паѓа од лажицата.
Веднаш ставете поголема количина на масло во тавче за пржење да се загрее или пак употребете фритеза. Со помош на мало лажиче ставајте од тестото во загреаното масло и пржете ги питуличињата од двете страни.
Пржените питуличиња одложувајте ги врз хартиена салфетка, а потоа валкајте ги во шеќер во прав.
Рецептот е од мојата тетка кој го добив уште од времето кога почнував да се плеткам во кујна. Таа често пати знаеше малку закиселениот јогурт или кисело млеко, наместо да ги фрла да ги искористи вака. Нема никаква промена тоа на вкусот. Со ова сакав да нагласам дека во овие летни жештини кога брзо можат да се закиселат тие производи, наместо да ги фрлите, искористете ги во нешто навистина многу вкусно.
Мерката на шолјата не ја потенцирав бидејќи варира во зависност од густината на јогуртот или киселото млеко кое ќе го користите. Ќе треба да се раководите од „око“ или според дополнителната слика. Но, како и да ги направите +/- во некоја мала разлика, секако се успешни, дури и за почетници.
***Со обзир дека има закиселен млечен производ во составот, сигурна сум дека и сода бикарбона ќе е успешна замена за прашокот за пециво. Никогаш не ми текнало да пробам. Можеби следна прилика, или некој од вас побрзо?