Пржена каша со домати од шише
Состојки
- 500мл. домашни домати од шише
- 2,5 лажици брашно
- 3 чешниња лук
- по потреба масло, сол
Подготовка
Ова е рецепт од моето детство, со кој буквално ја отекував мајка ми да ми го прави. Толку е едноставен, а многу вкусен, а и за во лето е идеален.
Во тава на оган ставете масло да се загрее.
Додајте го сецканото лукче и кратко пропржете го. Потоа додајте го брашното. Пржете додека брашното благо ја промени бојата.
Постепено со постојано мешање додавајте ги доматите.
Посолете и мешајте додека смесата се згусти.
Со топло лебче и сиренце ќе имате супер брзо јадење.