Испечати

Видео рецепт: Тарт од цвекло со сладолед од крем сирење

Видео рецепт: Тарт од цвекло со сладолед од крем сирење

Тарт Татин е класичен француски тарт со карамелизирани јаболка, кој содржи парчиња јаболко во карамел покриени со лиснато тесто. Нашата верзија е со парчиња цвекло, а како гарнир послужуваме сладолед од крем сирење. Комбинацијата е одлична!

Состојки

За СЛАДОЛЕД ќе ви треба:

  • 200 грама крем сирење
  • 3 супени лажици шеќер
  • 300 милилитри млеко

За ТАРТ ОД ЦВЕКЛО ќе ви треба:

  • 3 средни цвекла
  • 50 грама путер
  • 50 грама шеќер
  • 250 грама лиснато тесто

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сет тави за пица, Калап за векни и Длабок сад со рачки.

Подготовка

Чекор 1: Излупете го цвеклото и исечкајте го на тенки кругови. Најдобро би било доколку можете да најдете убаво заоблено цвекло.

Чекор 2: Парчињата цвекло варете ги во вода околу 20 минути додека да омекнат, но внимавајте да не ги преварите бидејќи ќе ја загубат бојата и вкусот.

Чекор 3: На средна температура крчкајте ги путерот и шеќерот додека да се формира карамел. Повремено промешувајте ако карамелот се формира пребрзо.

Чекор 4: Ставете брашно на работната маса и врз него расукајте го ладното лиснато тесто. Исечете го во форма иста како онаа на тавата.

Чекор 5: Наредете ги парчињата цвекло на тавата заедно со карамелот. Покријте ги со лиснатото тесто и печете 20-25 минути на 160°, или додека да се испече тестото.

Чекор 6: Подготовката на сладоледот е навистина едноставна. Измешајте ги заедно крем сирењето, млекото и шеќерот и смесата ставете ја во замрзнувач. На секои 60 минути промешувајте со вилушка, во период од 3-4 часа и подготвени сте за послужување.

Чекор 7: Откако тартот ќе се олади, превртете го, исечете го на поголеми парчиња и сервирајте во чинија. Врз парчињата тарт ставете по една топка од сладоледот.

СОВЕТ: Сирењето и цвеклото се одлична комбинација, па тогаш зашто да не ги послужите со благ вкус? Екстремна варијанта е да го подготвите сладоледот со меко козјо сирење. Но, овој тарт можете да го подготвите и солен, наместо карамелот, гответе го со путер и мајчина душичка. Бидете креативни!