Салата со печени тиквички
Состојки
- 1 тиквичка
- 2 јајца
- 6 лажици брашно
- 6 лажици презла
- 3-4 домати
- 1 главица кромид
- 1/2 китка магдонос
- 4 пиперки
- 100мл маслинов зејтин
Подготовка
Прво се подготвуваат тиквичките.
Се лупат и се сечат на тенки тркалца и се оставаат 10 минути да одседат. Брашното се меша со презлата, а јајцата се матат со вилушка.
Тиквиците се посолуваат и се валкаат во брашното, па во јајца и пак во брашно, па се редат во плех на хартија и се печат.
Од како ќе се испечат се сечат на поголеми парчиња. Кромидот се сече на резанки, а пиперките се печат и тие се сечат на лентички. Доматите се сечат на парчиња и целиот зарзават се истура во подлабок сад. Се посолува, побиберува, се истура и зејтинот и неколку лажици јаболков оцет и убаво се меша.
На крај се додава и сецканиот магдонос и пак се меша салатата, а потоа се сервира. Лесна освежителна салата која во топливе денови може да послужи како добар прилог или самостоен оброк.