Испечати

Едноставни крофни

Едноставни крофни

Состојки

  • 3 јајца
  • 1 лажица сол
  • 3 лажици шеќер
  • 500 мл. топла вода
  • 75 мл. масло
  • 1 свеж квасец или 10 гр. сув квасец и 1кг - 1.2кг брашно (по потреба)
  • 500 мл. масло(за пржење)
  • 200 гр. прав шеќер (за валкање)

Подготовка

Во сад во кој ќе месите ставете ги шеќерот, солта, квасецот и 1 мало лажиче брашно, ставете и 150 мл. топла вода, измешајте и оставете да се запени. Додајте го маслото, малку разматени јајца и преостаната вода, измешајте да се соедини.
Додавајте брашно и месете додека добиете средно тесто-ни меко ни тврдо. Оставете го тестото покриено со чиста крпа да стаса на топло место 30-45 мин.

Откако тестото стасало разметесете го и сечете го на два дела. Расукајте кора од едниот дел. Кората нека биде во дебелина од еден прст. Со чаша која ќе ја натопувате во брашно сечете крофни, на средината сечете со уште едно мало цевче, нека биде колку еден прст-може и со прст да правите дупче. Ставајте ги на чиста крпа. Со истата постапка подгответе го останатото тесто.

Во помало и повисоко тавче ставете 250 мл. масло да зоврие на среден оган. Пржете ги од двете страни подеднакво додека станат златно-кафени. По потреба додавајте го преостанатото масло, крофните треба да пливаат во масло.
При вадење од масло оставете ги малку да се подоладат и валкајте ги во прав шеќер.

Крофните не се мрсни иако се пржени во поголема количина на масло, излегуваат околу 60-70 средни крофни.