Паста со бел сос од крем сирење
Состојки
- 500гр. спирална паста (или тестенини со форма по ваша желба)
- Сос
- 250гр. крем сирење
- 2 чешниња лук
- 2 лажици сецкан магдонос
- 1 рака сецкани ореви
- Пармезан, 1лажица путер, сол, црн бибер
Подготовка
Тестенините ставете ги да се варат во поголема количина солена зовриена вода.
Во тава на оган ставете го путерот да се растопи и додајте го сецканиот лук.
Кратко пропржете го па додајте ги сварените тестенини.
Во длабок сад измешајте ги убаво крем сирењето, сецканиот магдонос и сецканите ореви, а потоа додајте ја смесата во тавата со тестенини.
Наросете малку црн бибер и убаво измешајте.
Послужете ги топли со наросување на пармезан.