Ориз со пилешки копани и нане
Состојки
- 1 и 1/2 чаша од 250 мл. ориз
- 6 копани или повеќе по потреба
- 2 ливчиња нане(по желба),магданос
- сол,мешан зачин,бибер... по вкус
Подготовка
Најпрво подгответе ги копаните.
Посолете ги и зачинете ги, ставете ги со кожата надолу во соодветно плехче, попрскајте со масло, налејте 250-300 мл. ладна вода, разронете ја и коцката за супа и ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени, додека добијат златна боја.
Во загреано масло во тавче испржете го претходно ситно сечканиот кромид и лук.
Пржете на среден оган додека кромидот омекне.
Додајте го ситно сечканиот магданос и нане, измешајте и пропжете уште малку. Додадете го морковот и исчистениот ориз.
Пржете 4-5 мин. да се спојат вкусовите.
Намрсете тркалезно плехче бр. 30, распоредете ги копаните, истурете го оризот, налејте ја пресостаната вода од копаните и 5 чаши од 250 мл. зовриена вода со сол и мешан зачин.
Ставете го плехчето во загреаната рерна и печете на 250 степени додека оризот се свари и ја земе водата. Оставете да се подолади и послужете со свежа салата. Ч)