Испечати

Кремаст сладолед од банани

Кремаст сладолед од банани

Состојки

  • 2 банани
  • плус по желба- чоколадо во прав, нутела, ореви, лешници, бадеми, кикири, јагоди, малини...

Подготовка

Познато ни е пенливото и кремасто својство на бананата кога ја пасираме, па зошто тогаш да не си направиме чист, здрав овошен сладолед само од банани?
Конечно, после толку време си купив блендер (јеиј!), па веднаш се фатив за „работа“...

Излупете ги бананите и исецкајте ги на кругчиња. Ставете ги во чинија и потоа во замрзнувач. Нека одстојат најмалку 2 часа.
Потоа ставете ги во блендерот и миксирајте додека не се направи кремаста густа смеса.
Сладоледот е готов!
Уживајте како во вистински сладолед од банани, но овој пат без додатоци од шеќер, глутени, вештачки бои.

Но, не останувајте само на вкусот од банана. Со чоколадо во прав или нутела ќе добиете вистински чоколаден сладолед. Ако додадете неколку зрна малини, јагоди или некое слично овошје ќе го добиете таквиот овошен вкус подобрен со основата на бананата. Во друг, ставете и изблендирајте ореви, бадеми, лешници, кикири... Едноставно, додавајте вкусови, експериментирајте и уживајте-здраво е! ; )