Испечати

Бадемово млеко

Бадемово млеко

Состојки

  • 100 г бадеми лупени
  • 1 л вода
  • 3 лажици агавин сируп или 6-7 урми

Подготовка

Бадемите ставете ги во вода да одстојат преку вечер. Водата во која што стоеле исфрлете ја и измијте ги бадемите. Накиснатите бадеми лесно се лупат, за подготовка на ова млеко се препорачува да се лупени, бидејќи во самата лушпа има една горчива материја која и не е баш од големо значење. Вака накиснатите бадеми ослободуваат хранливи ензими кои се многу добри за воспоставуванје на алкална средина во организмот. Лупените бадеми ставете ги во блендер заедно со агавиниот сируп или урмите (а и немора да го засладувата доколку не сакате) и додадете ја водата, цела или половина во зависност од големината на блендерот. Оставете го млекото во шише или тегла за да се сталожат покрупните парчиња од бадемите и прецедете го. Мене ми е и така убаво, па воопшто не го прецедувам. Може да го чувате млекото вака подготвено во фрижидер 3 - 4 дена и да го користите како алтернатива за кравјо млеко, за со мусли, десерти...
Одлична и многу поздрава алтернатива за млеко кое е многу побогато со калциум и одлично за алкализирање на организмот. Пробајте со сигурност ќе ви се допадне!