Испечати

Шпагети со сос од туна и мед

Шпагети со сос од туна и мед

Состојки

  • 500 гр. шпагети
  • 2-3 литри вода
  • 1 лажиче вегета
  • 2 лажичиња сол
  • прстофат оригано
  • Сос од туна и мед
  • 2 лажици темен мед (најдобро боров мед)
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 3 лажици кисела павлака
  • 2 конзерви (370гр.) туна во парчиња
  • прстофат ким во зрна
  • прстофат сол
  • 1/2 лажиче мелен црн бибер
  • сок од половина лимон

Подготовка

Шпагети со еден поразличен сос.

За подготовка на сосот, ставете го медот во загреано тавче на посилен оган и откако убаво ќе се растопи ставете го и кафеавиот шеќер. Мешајте постојано и чекајте медот да почне да пени, па додадете ги мелениот црн бибер и кимот во зрна.

Кога ќе забележите дека смесата почнува постепено да лепи се повеќе и повеќе, ставете ја киселата павлака и мешајте се дури потполно да се изедначи. Не оставајте да има ниту најмали грутчиња. Најдобро се меша со жица.

Туната, непосредно пред да ја ставите во тавчето, исцедете ја од вишокот масло. Продолжете со мешање на сосот, поголемите парчиња иситнете ги, но не премногу. Кога ќе јадете треба да се чувствува дека има парчиња туна.
Доколку го ставите целото целото масло од конзервите сосот би бил претежок, масен. Не го правете тоа!

На крај додате го сокот од лимонот и прстофат сол. Промешајте повторно, оставете да прокрчка уште 2-3 минути и тргнете го сосот од оган.

Сосот има благуњав вкус, па доколку сакате може да ставите повеќе од солта.

Шпагетите најдобро е да ги сварите по ваш вкус, како што сте навикнати дома. Јас при варењето никогаш не додавам масло, ниту пак ги запржувам, а избегнувам и да ги преварувам. Најдобро е да ги варите онолку време колку што е пропишано на пакувањето.
Искрено, моето лично мислење е дека нашите домаќинки имаат тенденција да ги варат премеки, да не речам, пред распаѓање.
Сепак оставам на вашиот вкус и вашите навики!

Според моето искуство, сосот е највкусен кога се употребува боров мед, потоа следат темните медови и на крај ливадскиот. екако самата туна наметнува потреба за потешки и поароматични типови на мед.

Верувам дека тие што обожуваат благо-солени комбинации ќе им се допадне овој мој предлог-рецепт, а за оние поскептичните, нека им биде за предизвик.

Сервирајте ги јадењето топло и уживајте во неговиот неповторлив вкус