Филувана палента
Состојки
- 250 гр палента
- 1 кг вода
- сол, мешан сув зачин, мајоран, босилок, шафран
- 4-5 млади кромидчиња (белиот дел)
- 1-2 лажици павлака за готвење
- За фил 1
- 250 гр бланширан/пржен спанаќ
- 250 гр сирење
- За фил 2
- 1/2 тегла ајвар
- 1 јајце
- Уште
- грашок од конзерва
Подготовка
Ставете ја водата со 1 лажиче сол и зачините во тенџере на оган. Посебно, на многу малку масло запржете го ситно сецканиот кромид. Јас го додадов не пржен заедно со зачините. Пред точка на вриење вмешајте ја палнетата и додадете ја павлаката за готвење. Варете уште неколку минути мешајќи.
Обарете го или на малку масло испржете го спанаќот. Тргнете од оган и додадете го ренданото сирење.
Ајварот ставете го во тавче, па кога ќе се загрее, додадете го јајцето. Брзо промешајте за секаде да се врзи и тргнете го тавчето од оган. Доколку ајварот не ви е многу пржен (е посочен) можи да додадете и уште едно јајце.
Правоаголен калап обложете со стреч фолија. Истурете неколку раце грашок и врз него 1/3 од палентата. Врз неа распоредете го спанакот со сирење, па 2та третина од палентата, над неа ајварот и завршете со преостанатата палента.
Пред да сечите, остевете убаво да стегни барем еден час. Потоа превртете ја на чинија и извадете ја фолијата. Ние бевме многу гладни и нестрпливи да чекаме да се стегни, ја јадевме неоладена, па заради тоа пресекот на сликата и не е баш најуреден, за жал.
Препорачливо е филовите да се спремни додека се свари палентата за да не се дозволи да се лади и здрвува пред да се распореди во калапот.
* Доколку немате при рака павлака за готвење, заменете ја со 1 лажица кисела павлака. Исто така, доколку немате спанаќ, добра замена би била блитвата, а ако не ви останал ајвар од зимницата, тогаш заменете го со печена црвена пиперка, која потоа ќе ја пропржите ситно исецкана по истиот принцип како и ајварот.