Испечати

Шненокли

Шненокли

Состојки

  • 5 јајца
  • 1 пудинг
  • 200 гр бисквити
  • 1 л млеко
  • 1 ванила
  • 9 суп.лаж шеќер
  • 1 цимет

Подготовка

1. Млекото се загрева на рингла со 2-3 лаж. шеќер и 1 ванила.

Во меѓувреме ги оделуваме белките од жолчките.

2. Белките ги матиме цврсто со 4-5 лаж. шеќер. Откако млекото ќе почне да врие, од белките земаме со супена лажица и ставаме во млекото кое врие. Лажиците нека не бидат преполни затоа што белките нараснуваат. Потоа ги превртуваме од другата страна и ги ставаме врз бисквитите кои претходно ќе ги наредиме во соодветен сад.

3. Жолчките ги матиме рачно, додаваме 2 лаж шеќер, ладно млеко и го додаваме пудингот. Смесата со пудингот ја ставаме во млекото во кое ги вааревме белките, откако ќе биде готов го поливаме врз белките. Пудингот да биде со средна дебелина.

По желба овој рецепт се наросува со цимет, рендано чоколадо, јатки или овошје по желба. Се јаде откако добро ќе се олади
Пријатен апетит