Тиквички Ала Милано
Состојки
- 1 главица кромид
- 3 моркови
- 1 пиперка
- 4 домати
- 1 голема тиквичка
- 4 јајца
- малку црн бибер, оригано и вегета
Подготовка
Кромидот и пиперката се сецкаат, морковите се рендаат и се ставаат во сад за пржење со малку масло. Додека тоа се крчка доматите се лупат и тие се сецкаат ситно. Кога ќе биде кромидот омекнат се додаваат доматите и убаво се промешува. Тиквичките се сецкаат и тие се додаваат во тавата и се готви се додека состојките да бидат добро омекнати. Се додаваат и сите зачини. Веќе на крај кога ќе биде готово се матат јајцата со вилушка во друг сад и тие се ставаат во тавата. Се промешува за да се спржат и јајцата.
Ручекот е подготвен и многу е вкусен, и додека е топол но убав е и кога ќе се излади.