Брз сок од вишни
Состојки
- 200 гр зрели вишни
- 500 мл врела вода
- сок од 1/4 лимон
- 3 лажици шеќер
- по потреба газирана вода
Подготовка
Ова не класичен сок кој ќе го спремите за зима. Ова е сок кој ќе ве освежи денес!
Припрема
Вишните измијте ги и извадете ги семките. Ставете ги во поголем сад и притискајте ги со лажица да излезе што повеќе сок од нив. Потоа попарете ги со врелата вода и промешајте. Ставете го лимоновиот сок и шеќерот и мешајте додека не се растопи. Покријте го садот и оставете го 2 часа. Исцедете го сокот и додајте газирана вода за да го разредите по ваш вкус. Јас додадов околу половина литар, значи добив околу 1 литар сок.
Послужете со коцки мраз и крукчиња лимон.
Уживајте во освежувањето!